fbpx

Нискиот речник на Мицкоски го покажува нивото на политичка култура и очајот во којшто се наоаѓа тој и неговата ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Нискиот и недоличен речник на Христијан Мицкоски, како и ниското ниво на комуникација на ДПМНЕ, полни со лични навреди и несоодветни лични квалификации најдобро ја покажува состојбата и очајот во којашто се наоѓа оваа партија и самиот тој.

Да се споменуваат во ваков контекст возрасни личности кои не се инволвирани во политичкиот живот во земјава и да се омаловажуваат само заради очајот на еден човек е срамно и недолично.

Исто како и односот кон неговите коалициски партнери кој видовме како го манифестира Мицкоски.

Очигледно е дека нискиот речник којшто го користат и пратениците на ДПМНЕ во македонското Собрание е по налог и директива на Мицкоски.

За жал ова е показател за ниското ниво на политичка култура којашто владее во опозициската ДПМНЕ.

СДСМ е над ова ниско ниво на опозициската ДПМНЕ. СДСМ и претседателот Ковачевски нема да дозволат некултура да доминира на македонската политичка сцена.

Последни вести