Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски беше во посета на Велес. Во разговор со велешани Пендаровски зборуваше за придобивките од интеграцијата и членството во НАТО.
-Одиме заедно напред. Влезот во НАТО не значи само конечна стабилизација, безбедност и мир во нашата земја, нешто што е исклучително важно за нас, туку значи напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите, порача Пендаровски од Велес.
Заедничкиот кандидат за претседател Пендаровски се сретна и со пензионерите од Здружението на пензионери на општина Велес.
На престојните избори пред граѓаните се два спротивни концепти. Едниот зад кој стојам јас и мнозинството, кој е за држава интегрирана во НАТО и ЕУ и другиот концепт целосно спротивен на првиот и предводен од опозицијата, што значи кочење на нашата држава во интегративниот процес, рече Пендаровски.
Посетата на градот на Рацин, на Гемиџиите, на Прличко, Пендаровски ја завршува на средби со граѓаните од така нареченото Влашко маало, во Велес.
Скопје, 14.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА