fbpx

Препознаени се реформите, Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Според официјалниот извештај на Стејт Департментот на САД за човекови права, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството.

Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристерасно судство.

Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години, стои во овогодишниот извештај.

Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење.

Секако дека постојат се уште предизвици и проблеми кои треба да се надминат, на што се работи, но констатациите на Стејт Департментот охрабруваат и мотивираат за уште поголема посветеност.

 

Скопје, 14.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести