fbpx

Мицкоски признава дека судскиот процес против обвинетите за насилствата на 27 април е против злосторства, организирани од фашисти?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Ако судскиот процес против обвинетите за 27 април е „Нирнбершки процес“, како што вели самиот Мицкоски, дали со тоа признава дека се водел процес против злосторства против човештвото организирани од фашистичка власт.

Бидејќи Нирнбершкиот процес е токму тоа!

Мицкоски, исто како и неговиот шеф, Никола Груевски, сака да се меша во работата на судските и истражните институции. Не може да разбере дека помина времето кога политиката не се мешаше во нивната работата и диктираше судски пресуди. Тоа време заврши.

Правосудните судски органи се независни и постапуваат согласно своите законски надлежности, Христијан Мицкоски ќе мора да се помири со тоа.

Јавната шарада на Мицкоски, обидувајќи се да се замеша во одлуките на судската власт со паушални, неодговорни, неосновани и невистинити информации ја покажува нервозата во ВМРО-ДПМНЕ.

Не може да се дефокусира вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.

Одговороност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 ми април, преку транспаретна, законска судска постапка, мора да имаа.

Скопје, 13.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

Последни вести