fbpx

Трет ден лаги од белиот дворец, нелегални тендери и договорање провизии се матрица на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е минато

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во отсуство на политичка платофрма, идеја и програма ВМРО-ДПМНЕ штанца лажни вести и невистини, секојдневно.

Тендери во четири очи и заткулисни игри се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните политики со кои ја уништуваше енергетиката, ја укина ефтината тарифа а струјата ја поскапи за 100 проценти.

Во тоа време Христијан Хидро Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали.

РЕК Битола веќе ги демантираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Постапката била отворена и завршила со електронска аукција која автоматски ја исклучува можноста за личен контакт. Критериум за добивање електронската аукција била цената и затоа е избрана фирма која понудила најниска цена.

Преку домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ ја стабилизира енергетиката и денеска државата продава вишоци на струја, а воведена е и ефтина тарифа на струјата.

Скопје, 13.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести