fbpx

Економските мерки на СДСМ даваат резултат, ново намалување на инфлацијата на едноцифрени 9%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Постојаното намалување на инфлацијата продолжува, во месец јуни дојде до едноцифрени 9%

Ова се охрабрувачки податоци и потврда за успешност на економските политики на Владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски.

Нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, во однос на октомври 2022 година бележи намалување од цели 10%.

Економските мерки што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија.

До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2%.

Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за севкупната македонска економија.

Последни вести