fbpx

Тендери во четири очи и заткулисни игри се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, после 11 црни години во енергетиката се работи совесно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тендери во четири очи, заткулисни игри, манипулации и црнила се апсолутна асосоцијација за криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и јавноста беа сведоци  на сите злоупотреби цели 11 години со кои ВМРО-ДПМНЕ се служеше, особено во РЕК. ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет. Затоа шири лажни вести.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се лесно препознаени од јавноста и граѓаните. Фактите потврдуваат дека  договорот не бил склучен во четири очи, како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Официјалните информации покажуваат дека постапката била отворена и завршила со електронска аукција каде што критериум била  најниска цена.

Исто така, наместо да ги лаже јавноста и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека  дека директорот на РЕК Битола не ги одредува критериумите за набавка на услуга или стока, туку техничка и комисија за јавни набавки, составена од стручни лица.

Дополнително уште една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е демантирана. Фирмата СВ Инвест нема никаков деловен однос или поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ.

Домаќинското и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ е трн во око за ВМРО-ДПМНЕ која е навикната само на црнила, тендери во четири очи.

 

Скопје, 12.03.2019                                               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести