fbpx

Колку повеќе се ближат претседателските избори, толку повеќе растат лажните вести на ВМРО ДПМНЕ, идентитетот е заштитен и потврден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Колку повеќе се приближуваме до престојните претседателски избори, толку повеќе ВМРО ДПМНЕ станува очајно од поразот кој им претстои, па преку лажни вести се обидува да ја покрие својата неспособност.

Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

Придавката македонски не се брише, тоа е една иста стара лага на ВМРО-ДПМНЕ која што во отсуство на било каква идеја ја повторува во континуитет.

Се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент, останува придавката македонски.

Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Потврда за тоа е и личната карта во Обединетите нации, јасно е наведено: Македонски јазик, македонско за државјаснтво итн.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да манипулираат, кај граѓаните тоа не поминува.

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Силјаноска нека се спремат за пораз на престојните претседателски избори.

 

Скопје, 12.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести