fbpx

Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија Скопје 60 години назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија, нечист и нефункционален град кој се уназадува, наместо да напредува.

Ниту „м“ од модерно Скопје како што ветуваа пред скопјани кога ја бараа довербата. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија Скопје назад за 60 години.

Довербата којашто скопјани им ја дадоа на Мицкоски, ДПМНЕ и нивните градоначалници, ја изневерија целосно.

Хаосот во Скопје потврди, глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад.

Не е само сметот и нечистотијата. Јавниот превоз во Скопје исто така не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт, фабрика за автобуси не се остварија.

Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија.

Последни вести