Соопштение за јавност
Со СДСМ земјава стана членка на НАТО со што е обезбедена сигурноста и безбедноста на државата и граѓаните. Колку е важно членството гледаме сега кога има војна на тлото на Европа, во Украина.
Седиме на големата маса, рамо до рамо со најсилните демократски држави во светот и активно соработуваме со НАТО за одржување на безбедноста и стабилноста.
СДСМ е посветена и на остварување и на втората стратешка цел-полноправно членство во ЕУ.
Кочењето и блокадите на ДПМНЕ, она кое што го прават во Собранието во однос на блокадите на реформите и во однос на несоработката за стратешки важни прашања како членството во Унијата е директно и активно работење против ЕУ и НАТО.
Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на земјата и одработуваат за туѓи интереси и земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.