fbpx

Битиќи: Црвените линии се одредени во Собранието, за идентитет и јазик нема преговори, 80% од граѓаните се за членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија рече дека неа потреби од тајни средби за технички измени на Уставот и додаде дека граѓаните многу добро што е добро за државата, ги знаат придобивките и затоа 80% од нив се за членство во ЕУ.

-Не би требало да има тајни средби. Зошто би имало тајна средба за технички промени на Уставот? Граѓаните веќе знаат што е добро за државата, знаат каде треба да припаѓаат. 80% од нив велат дека се за членство во ЕУ. Примерите од било која земја на новите членки и тие што се постари членки на ЕУ дека животот во поголема унија е подобар, во смисол нуди поголеми можности и за развој и за раст се очигледни. Граѓаните тоа го знаат, рече Битиќи

Црвените линии се одредени во Собранието, тие дефинираат дека преговарање за иднетитет и јазик не може да има, додаде Битиќи.

-Во Собранието минатата година беа изгласани заклучоци во однос на Францускиот предлог. Тие заклучоци, не за мене, не само за оваа Влада туку за секоја наредна Влада се црвените линии коишто ниту една Влада не може да отстапи. Тие што не ги гласаа тие заклучоци ако не може да се потсетат еве, заклучоците од највисокиот законодавен орган кажуваат дека преговарање за идентитет и јазик не може да има и ако во било кој момент се влезе во преговори, преговорите може да бидат прекинати, тоа се црвените линии. Никаде не пишува дека ставање на една етничка група во Уставот значи губење идентитет, апсолутно не, рече Битиќи.

Да беа кооперативни пратениците на опозицијата и да гласаа за заклучоците ќе имавме подобра позиција, додаде Битиќи

-Ние имаме јасна одредница, а тоа е преговорите не се прават на штета на ниту еден граѓанин, особено не на штета на идентитетот и јазикот на мнозинството, а тоа се Македонците и македонскиот јазик, рече Битиќи.

Нашата цел е да ги завршиме преговорите со ЕУ многу побрзо од други земји.

-Ние сме избрани да носиме одлуки кои знаеме дека ќе бидат за доброто на граѓаните. Конечно, после завршување на преговорите со ЕУ следува Референдум и граѓаните ќе се изјаснат. Аргументот дека ќе има нови услови не држи, рече Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи попладнево во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Последни вести