fbpx

За еден ден собрани над 32.000 потписи за Стево, им благодариме на граѓаните за поддршката, одиме кон победа за доброто на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Граѓаните низ целата држава масовно се одзваа на повикот преку потписи да дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

За само еден ден, над 32.000 граѓани се потпишаа за кандидатурата на Стево.

Со тоа, кандидатурата на Стево е единствената кандидатура за претседател на државата којашто е поддржана практично од над 30.000 граѓани, над 30 политички партии и 60 пратеници.

Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите етнички заедници, сите заедно се обединија околу Стево.

Како одговорна и државотворна партија, им се заблагодаруваме на сите граѓани, на сите коалициски партнери, на сите пратеници кои дадоа поддршка за Стево.

Одиме сите заедно со Стево, партии, пратеници, граѓани, одиме сите заедно кон една голема победа за доброто на нашата држава, за подобра иднина за нашата и идните генерации.

 

Скопје, 08.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести