Соопштение за јавност
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, видливи резултати.
Откако во 2018 година растот на индустриското производство беше највисок во последните 7 седум години, индустриското производство продолжува да расте и во 2019 година.
Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика растот на индустриското производство во јануари 2019 година е за 12 отсто во однос на јануари 2018 година.
Растот на индустриското производство е проследен и со раст на прометот во индустријата, со зголемен број на вработени во индустријата и раст на платите.
Истовремено, со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ економскиот раст дополнително ќе се интензивира. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е дополнителна можност за влез на нови странски инвестиции, нови подобро платени работни места, а сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што го поттикнуваат економскиот раст и обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин.
Скопје, 07.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА