Соопштение за јавност
ДПМНЕ и Левица се синоним за лицемерие и антинародно дејствување.
Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во Собранието усвои низа важни закони за граѓаните.
Со усвоените измени на законите за облигациони односи, за извршување и за финансиски друштва, ставивме крај на должничкото ропство на илјадници граѓани, кои на име на камати и таканаречени брзи кредити враќаа и до десет пати поголеми износи од главниот долг.
Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа за ниту еден од овие закони, а не гласаа ниту за други закони што беа на дневен ред, а кои исто така носат придобивки за различни категории граѓани.
На ДПМНЕ и Левица не им се важни граѓаните, ним им е поважно да продолжат со блокади и деструкции на штета на државата.