fbpx

Македонскиот идентитет е заштитет, доволно е да се погледне личната карта во ОН, промената на имињата во согласност со уставните измени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како што наближуваат претседателските избори, така ВМРО-ДПМНЕ шири се поголеми лаги, во страв и паника од извесниот поразшто ги очекува.

Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

Придавката македонски не се брише, тоа е истата стара лага на ВМРО-ДПМНЕ. Македонски останува за се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент.

Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Доволно јасно е само да се погледне регистарот на Обедниети нации, Македонски јазик, македонско итн.

Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски.

На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а има и Турски и Албански театар.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да се обидуваат да внесуваат вознемиреност во јавноста. Граѓаните ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе одберат вистински претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

Скопје, 07.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести