fbpx

Битиќи: 130.000 вработени во јавниот сектор ќе добиваат повисоки плати, ставаме крај на должничкото ропство на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Општиот колективен договор за јавниот сектор, е успех на дијалогот што го водевме со синдикатите, порача вечерва во интервју за дневникот на Телевизија Сител, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Со ова решение околу 130.000 мои сограѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја. Ставаме крај на политичките превирања, на уцените и влијанието врз оние кои треба да им служат на сите граѓани. Во општиот колективен договор имаме методологија со која за првпат тука во регионот, платите во јавниот сектор ќе се индексираат согласно растот на просечната плата“ порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи додаде дека платите во сите сектори растат постојано, а само во секторот образование, со последното покачување од 10 отсто во септември оваа година, за само пет години, ќе има вкупен раст на платите од 54 отсто.

Осврнувајќи се на измените на законите за извршување, за облигациони односи и за финансиски друштва, Битиќи посочи дека тоа е акт на праведност и правичност кон граѓаните.

„Конечно имаме решение со кое каматата не смее да го надминува износот на главниот долг, го намаливме и рокот за застарување на долгот, со цел да ги заштитиме граѓаните, и конечно, ставаме ред и на „брзите кредити“ каде трошоците за еден кредит ги ограничивме на најмногу 60 отсто“ изјави Битиќи за ТВ Сител.

Последни вести