fbpx

ДПМНЕ не гласаше за Законот за македонски јазик, глупавите оправдувања се потврда за лицемерието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ и Левица, покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик со негласањето на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик во Собранието.

Глупавите, набрзина смислени оправдувања се потврда за нивното лажење, неискреност и негрижа за македонскиот јазик.

Како тоа ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на закон за којшто не гласале да продолжи токму амандманска расправа?

Ете до каде оди ДПМНЕ со лагите и лицемерието.

Од ДПМНЕ, манипулираат дека македонскиот јазик е загрозен, а не поддржаа ниту една одлука за македонскиот јазик.

ДПМНЕ не гласаа ни за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ.

Не ги поддржаа ниту заклучоците во македонското Собрание за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ.

Мицкоски и ДПМНЕ не лобираа и не направија ништо ниту кога Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура.

Тоа се истите оние од ДПМНЕ кои ширеа лаги за бугаризација и асимилација, а не гласаа за македонски јазик во македонското Собрание.

Истите оние кои го нарекуваа Блаже Конески „џуџето од Небрегово“. Тоа се најголемите штетници за државата.

Со СДСМ македонскиот јазик и идентитет се заштитени и потврдени, а Мицкоски и ДПМНЕ досега немаат направено ништо освен деструкции, блокади и штета за државата и граѓаните.

Последни вести