fbpx

Тренчевска: Воведуваме системско решение за раст на платите во јавниот сектор, сите вработени отсега ќе добиваат и К-15

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како што воспоставивме систем за минимална плата, систем за постојан раст на пензиите, така со овој општ колективен договор после 15 години повторно воспоставуваме систем за раст на платите во јавниот сектор, порача претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во интервју за Дневникот на Телевизија Сител.

Таа истакна дека Општиот колективен договор носи бројни поволности за 130.000 вработени во јавниот сектор, но и дека носи извесност и стабилност во иднина.

„Со општиот колективен договор ќе следува зголемување на платите за 10 отсто од септември оваа година, но истотака со него ја вративме и исплатата на К-15 и исплатата на јубилејните награди. Веќе од следната година износот на К – 15 ќе биде најмалку 30 отсто од просечната плата, а од 2025 година ќе започне да се применува новата методологија за исплата на плати во јавниот сектор. Создаваме еден систем кој што ќе гарантира постојан раст на платите и тоа нема да зависи од тоа кој министер и кој е премиер, туку ова веќе е систем кој што е воспоставен и кој што не може да ги врати правата на работниците назад“ посочи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека новиот Колективен договор ќе ја зголеми мотивацијата на вработените, но и дека ќе се врши мерење на нивната продуктивност.

Последни вести