Соопштение за јавност
Како што расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на изборите, така се зголемува хиперпродукцијата на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола.
ВМРО-ДПМНЕ, Лидер и Курир дејствуваат од еден штаб од еден центар за лаги, лажни вести, манипулации и конструкции.
Повикувањето на медиуми што шират лажни вести и презентирањето содржини со невистинити информации и конструкции, доволно зборува за степенот на очај во кој се западнати ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Објавените лажни информации, конструкции и графички манипулации на Лидер и Курир немаат никаква врска со реалноста.
СДСМ најостро ја осудува оваа постапка којашто е спротивна на принципите на професионално и објективно информирање на граѓаните.
Времето кога државните институции масовно се партизираа, кога институциите беа претворени во партиски штабови заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес, по преземените реформи, институциите работат независно, професионално и во интерес на граѓаните, а процесот на вработувања се одвива според предвидените програми и потреби и за сите важат еднакви услови и критериуми за вработување.
Јасно е дека лажните вести се единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ, уште појасно е дека лагите ќе се зголемуваат како што ќе се приближуваат изборите за претседател на кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе претрпат пораз од граѓаните.
Скопје, 02.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА