fbpx

Рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 е уште потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Официјалните податоци ја потврдувуваат успешноста на економските политики на Владата предовдена од СДСМ.

Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра, што е рекорд, највисок износ во историјата на нашата економија.

Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.

За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст, што обезбедуваат нови вработувања, повеќе инвестиции и повеќе пари кај граѓаните.

 

Скопје, 01.03.2019 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести