Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е на потег да одлучи дали е за ЕУ или е за изолација, откако министрите од ДУИ поднесоа оставки, кои ќе се ефектуираат веднаш откако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени.
Со ова и со претходно донесените одлуки на Централниот одбор на СДСМ, исполнети се сите услови кои ги поставуваше Мицкоски, за ДПМНЕ да поддржи уставни измени.
Уставните измени се влезени во собраниска процедура, јавно се објавени и откако нивната содржина е јавно достапна, никој, па вклучително и Мицкоски нема ништо против таквите измени.
Пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат.
Мицкоски и ДПМНЕ со глас за Европа во македонското Собрание можат да покажат дека навистина се за европската агенда, дека европската агенда е и македонска, наместо само да кочат и блокираат.
Гласот за уставните измени е глас за продолжување на европскиот пат, за сигурна и стабилна иднина на граѓаните и државата.