СДСМ со граѓаните се бори против рудниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ како одговорна, државотворна партија заедно со граѓаните продолжува да се бори против рудниците во општина Босилово и Ново Село.

Концесиите за овие и за уште осумдесетина рудници се дадени од страна на ДПМНЕ во 2012 година, потврдени и одобрени од сегашни и поранешни високи функционери од Белата палата.

Заштитувајќи го интересот на граѓаните во овие општини и во целиот Струмички регион, СДСМ донесе одлука со која е укинато спојувањето на концесиите за рудниците за бакар и злато во Иловица.

Владата предводена од СДСМ уште на почетокот на својот мандат презема мерки за да нема рудници на смртта во Македонија и носи Одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија.

Само поради одлучноста на СДСМ, денес рудниците се уште не се отворени и нема да се отворат, ако граѓаните тоа не го сакаат, без разлика дали ќе треба да се плаќаат пенали или не.

ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност, ја втурна државата во судски лавиринти во кои се уште е заглавена.

За разлика од нив, СДСМ продолжува да ги штити интересите на граѓаните, продолжува со заштита на здравата животна средина.