fbpx

Само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи рекордниот износ од над 624 милиони евра странски инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи рекордниот износ од над 624 милиони евра странски инвестиции.

Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра што е рекорден износ во историјата на државата.

Антинародната ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економскиот успех на Владата предводена од СДСМ.

Едно е јасно, конечно, по години уназадување поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, економијата е во нагорна линија, инвестициите рушат рекорди, се отвораат нови работни места, растат платите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Успешните економски политики, спроведувањето на реформите, напредокот во еворинтеграциите ја вратија довербата во нашата економија. Силна економија отвора шанса за сите.

Мицкоски нека учи економија.

Без ниту еден денар за промоција, без ниту еден денар за рекламни кампање и скапи роу шоуа што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, за само 20 месеци во државата се влезени 17 странски инвестиции, а само за една година во странските инвестиции отворени се 4.500 работни места.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе инвестиции, нови работни места, раст на економијата и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 28.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести