Одговори на новинарски прашања,
Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
Скопје, 01.03.2019
П: За вечер е закажано претставување на името за претседател, според тоа што Заев и Ахмети ќе имаат заеднички претседател дали тоа значи дека веќе е направен изборот?
Продолжуваме да зборуваме и денес да разговараме со сите коалициски партнери, вклучувајќи го и ДУИ како коалициски партнер. Се вложивме и се вложуваме во овој процес затоа што е многу значаен, затоа што е многу вреден, затоа што граѓаните за прв пат ќе добијат кандидат за сите нив, за сите граѓани. Денеска во текот на попладневните часови ќе има средба раководството на партијата, а потоа во вечерните часови ќе се одржи средба со сите коалициски партнери кои ќе дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател. Потоа во текот на денот ќе бидете информирани за сите детали од таа средба, кончено последниот глас го имаат делегатите на Конгресот кој ќе се одржи во недела.
П: А токму во функција на Конгресот, дали заедничкиот кандидат ќе поднесе кандидатура, бидејќи имавте распишано конкурс, или што ќе биде со останатите кандидати кои конкурирале, дали сите ќе имаат право на збор па потоа ќе се гласа или?
Значи, кандидатури и предлози на општинските организации на СДСМ има околу 24, со сите тие веќе се разговара, вечер раководството после остварениот состанок ќе заземе став и за тоа ќе бидете сите информирани навремено како и досега.