fbpx

Заврши времето на пристисоци, ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет тоа да го разбере, обвинителствата треба да се остават независно да работат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Притисоците врз судиите, судство и обвинителства под партиска контрола беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Навикнато на таквата пракса, антинароднато ВМРО-ДПМНЕ нема демоктатски капацитет да го разбере тоа. Затоа и денеска очајно, на прес конфренеција, се обидува да врши притисоци врз обвинителството и судовите, се заканува кон судии и обвинители.

Во мислите на Мицкоски очигледно е само одбрана на криминалот на Груевски и ништо друго.

Заврши времето на нарачани предмети и пресуди, на монитани судски процеси. Заврши времето кога од белиот дворец некој можеше да му наредува на обвинителството како да постапува. Денес обвинителствата, судовите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски бадијала се заканува, притисокот треба да го насочи кон градење на сопствените демократски капацитети и да ги остави обвинителството и судството да ја вршат својата работа професионално.

Република Северна Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка ќе се докажа дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, ќе сноси соодветна одговорност.
Исклучоци нема и не смее да има.

Скопје, 27.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести