fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот, нека ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и нека почнат повлекувањата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека ВМРО ДПМНЕ не преземе чекор, додека не ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и додека не почнат повлекувања, опозициската партија нема ама баш никаков кредибилитет.

Токму ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот во секоја институција, за време на 11 годишното криминално владеење. Злоупотреба на институциите, непотизам и партизација се симбол за белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ.

Пандемијата на непотизам и фамилијарни стебла што ВМРО-ДПМНЕ ги прошири во секоја институција го зафаќа и кабинетот на Иванов.

Иванов, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ја повикаат ќерката на советникчката на Иванов Анастасија Илиеска, да се повлече од работното место во Агенцијата за разузнавање, под дриректна надлежност на Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Милошовски и Стевананџија наместо да молчат и да се кријат во скапоцениот замок, да излезат пред граѓаните и да ги повикаат своите роднини и роднините на функционерите од оваа партија да се повлечат од работните места, платени со пари на граѓаните.

Мицкоски да го повика својот братучед вработен во ЕЛЕМ турс да се повлече.

Милошоски нека ја повика својата снаа вработена во УЈП, вујкото вработен во Катастар, братучедот вработен во Централен регистар, и зетот вработен во МЕПСО, да се повлечат.

Стевананџија нека ја повика својата сопруга вработена во здравство, својата сестра, својата тетка вработена во Основниот суд Прилео, вујкото и братучедите вработени во јавни и државни претпријатија да се повлечат од работните места.

Време е да почнат повлекувањата на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Конечниот збор ќе го има Државната комисија за спречување на корупцијата.

Скопје, 27.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести