fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да злоупотребува човечки трагедии, брзата и ефикасна интервенција на службите спречи уште поголема катастрофа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Морбидното ВМРО-ДПМНЕ нема концепт и продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели.

Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени.

Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.

Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.

Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на истата.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата.

Скопје, 25.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести