Соопштение за јавност
Веќе трет ден во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за непотизмот во државата, молчат за вработувањата во државниот сектор на роднините на Христијан Мицкоски.
Молк и за вработените роднини на Антонио Милошоски, безмалку целото негово семејство е вработено во државни институции.
Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри.
Не се сите исти.
СДСМ одговорно и внимателно ја слуша јавноста, бара и наоѓа решенија за администрација по мерит систем. СДСМ повикува на етички и морални чекори и веќе има повлекувања.
Наместо да шири лажен морал, Мицкоски да го повика својот роднина да се повлече од ЕЛЕМ турс, да ги повика снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.
Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски и Милошоски покажете дали имате образ, достоинство и интегритет?
Време е да почне повлекувањето на роднините на Мицкоски и Милошовски во име на борбата против непотизмот.
Скопје,25.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА