Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Дали ДПМНЕ нема капацитет доволно да ги следи политичките случувања во земјава?
Или пак нивната определба да се служат само со лажни вести е причина за манифестираното непознавање на работите и неинформираност од страна на опозициската партија?
Декларацијата за Илинден СДСМ ја поднесе во Собранието уште на 28 ми јули. За поднесувањето и јавно информиравме. Согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците.
Покажувајќи вакво незнаење ДПМНЕ излегува многу несериозна.
ДПМНЕ треба подобро да биде информирана и да ги следи случувањата во земјата и во македонското Собрание.