Соопштение за јавност
Разликата меѓу одговорното однесување на СДСМ по реакциите на јавноста и молкот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател кој вистински бара и наоѓа решенија во интерес на граѓаните а кој промовира лажен морал.
ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Милошовски и сите оние кои создадоа роднински чворови и вработија мал милион роднини по државните институциите молчат за нивниот непотизам.
Од друга страна СДСМ како одговорна и државотворна партија, повлече морални и етички чекори, ги повикува сите на морал и етика и веќе има повлекувања од работни места.
Ајде Мицкоски, Милошовски, ВМРО-ДПМНЕ, повикајте ги роднините да се повлечат од државните институции, ако имате чист образ и морал.
Со молкот и криењето во скапоцениот дворец само потврдувате дека вашиот морал е лажен, дека сте неискрени, несериозни и неодговорни пред граѓаните.
Скопје, 24.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА