fbpx

Мицкоски не им се извини на граѓаните и покажа дека не ги почитува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше, не им се извини за театарот пред болницата 8-ми септември.

Со тоа Мицкоски уште еднаш потврди дека не ги почитува граѓаните. Граѓаните го гледаат и го ценат ваквото неодговороно и несериозно однесување на Мицкоски.

Насилничките сценарија и лажните вести се единствените политики на нервозниот Христијан Хидро Мицкоски.

Мицкоски се демантираше самиот себе си за неколку секунди.

Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата а само за неколку секунди самиот призна дека не е точно (Како Мицкоски се заплетка во сопствените лаги ) Обидот на Мицкоски и Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста вмешаност на врвот на ВМРО-ДПМНЕ во крвававиот 27 април како главни осомничени за организирање на насилствата, не успеа.

Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да има.

Скопје, 23.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести