fbpx

Ајде Мицкоски, ајде ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски, против непотизмот, повикајте ги своите роднини да се повлечат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Јавноста и граѓаните очекуваат одговор и конкретни чекори од Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Милошоски.

Мицксоки, Милошоски имате ли образ?

Наместо да се криете до јавноста излезете и повикајте ги своите роднини да се повлечат од работните места во јавната администрација и државните компании, дајте конкретен придонес против непотизамот.

Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс.

Повикај го и пратеникот Милошовски да ги повлече од работа:

неговата снаа Александра вработена во УЈП,

неговиот вујко Владимир вработен во Катастар,

братучедот на Милошоски, Станко вработен во Централен регистар,

братучедката Елизабета вработена во основно училиште,

неговиот зет Марјан, раководител во МЕПСО.

Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.

Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема.

Скопје, 24.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести