fbpx

Ајде Мицкоски, ајде ВМРО-ДПМНЕ, покажете – имате ли образ и одговорност пред граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ни трага ни глас во врска со партиските вработувања кои беа аспсолутна асоцијација за црното 11 годишно владеење.

Јавноста и граѓаните очекуваат и заслужуваат одговор. Дали Мицксоки има образ и лице да ги повика своите роднини да се повлечат, дали Мицкоски ќе се откаже од бизнисите со хидроцентралите?

Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс. Повикај го и пратеникот Милошовски да одговори како неговата снаа, вујко, братучед и братучедка добиле работа во државни и јавни претпријатија.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да го расплете јазолот на партиски вработувања со кои ја демонстрираа апсолутната и тоталитарната власт која ја имаа 11 години.

Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.

Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема.

Скопје, 24.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести