fbpx

Силјановска му се поклони на Груевизмот и на дело го применува, се потврди, изборот на кандидатката на Мицкоски е фарса

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра.

Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи.

Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самосослк или т.н. селфи.

Тоа е вообичаениот начин на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф.

Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото.

Силјановкска му се поклони на Груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните и на Република Северна Македонија не им е потребен уште еден партиски послушник, не им е потрбен нов Иванов, фикус или кактус, туку вистински претседател кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани.

Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги чека пораз на претсеадтелските избори.

Скопје, 23.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести