fbpx

Растот на просечната плата од 8,1 отсто е најголем раст во последните девет години, економијата се движи во добар правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжувааат да даваат реални, видливи резултати што ја движат економијата и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година кога таа изнесувала 23 850 денари.

Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, како и отворањето на новите и добро платени работни места.

Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори. Се одвојуваат повеќе средства за активните мерки за вработување, за поддршка на домашните и странски инвестиции.

Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се постигнува целта се повеќе пари да завршуваат кај граѓаните, во семејствата со крајна цел просечната плата до крајот на следната година да изнесува 500 евра.

Со членството во НАТО сојузот и напредокот во евроинтеграциите се очекува дополнително интезивирање на економскиот раст, зголемување на инвестициите, раст на платите, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните на Република Северна Македонија.

Скопје, 23.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести