Соопштение за јавност
Тезата на Мицкоски дека уставните измени во овој момент не се важни затоа што ДПМНЕ се занимава со квалитетот на животот на граѓаните е лажна, провидна и нема никаква врска со реалноста.
Прво, затоа што градоначалниците на ДПМНЕ кои што се локална власт во 50 општини низ државата за 2 години не направија ништо за да го подобар животот на граѓаните.
Второ, затоа што нема подобар квалитет на живот за граѓаните од полноправно членство во ЕУ, кое патем токму ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат.