Соопштение за јавност
Државата, институциите се пред историска шанса за крупен исчекор во евроинтегративниот процес.
Важно е токму овој момент да се искористи оваа година и желбата, волјата на ЕУ да направи пакет за проширување со неколку држави, тоа е битно за граѓаните на Северна Македонија, ние како држава да влеземе токму во овој пакет за проширување на ЕУ.
Колку и да се надева, на Христијан Мицкоски треба да му е јасно дека ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и дека нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.
Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните 4 месеци сме го искористиле за избори а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори.
Затоа мора да се искористи овој период и државата да продолжи по европскиот пат.
Нова преговарачка рамка нема да има и тоа им е јасно на сите, вклучително и на Мицкоски.
Со глас за Европа сите политички субјекти во Собранието имаат можност да ја покажат проевропската заложба на дело, се друго е дејствување на штета на државата и граѓаните и одработување за интересите на туѓи центри на моќ.