УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ НА 21 АПРИЛ 2019 ГОДИНА ВО ДКП НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО.
За да ја пополните пријавата за гласање во странство пристапете кон следнава веб страна https://dijaspora.sec.mk
Потоа одете во делот „ПОПОЛНИ ПРИЈАВА“
Доколку вашата привремена работа или престој во странство е евидентирана согласно базата на податоци на МВР, односно вие сте го пријавиле вашиот престој или работа во странство во МВР, тогаш пополнувате само пријава ( системот сам ги препознава тие лица и им дава само можност да поднесат пријава).
Доколку вашата привремена работа или престој во странство не е евидентирана согласно базата на податоци на МВР односно вие не сте го пријавиле вашиот престој или работа во странство во МВР, тогаш пополнувате барање/пријава и мора да прикачите документ /потврда за докажување на привремена работа или престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година во согласност со евиденцијата на надлежен орган во односната држава.
Пополнете ја пријавата на следниов начин:
I. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лицето кое го пополнува барањето ги внесува сопствените лични податоци, кои се истоветни со податоците од личната карта, пасошот, изводот од матичната книга на родени или друг документ издаден од соодветен орган на Република Македонија.
Во точка 1) ИМЕ се впишува името на подносителот на барањето,
Во точка 2) ИМЕ НА ЕДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ се впишува името на еден од родителите на лицето кое го пополнува барањето,
Во точка 3) ПРЕЗИМЕ се впишува презимето на подносителот на барањето,
Во точка 4) се внесува ДРЖАВА НА РАЃАЊЕ,
Во точка 5) се внесува НАСЕЛЕНО МЕСТО/општина на раѓање.
Во точка 6) ПРИПАДНОСТ НА ЗАЕДНИЦАТА се внесува припадност на заедницата на подносителот.
II. ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО
Во точка 7) се внесува државата во која престојува подносителот,
Во точка 8) се внесува населеното место во кое престојува подносителот,
Во точка 9) се внесува адресата на која престојува подносителот.
III. ПОДАТОЦИ ЗА ПОСЛЕДЕН ПРЕСТОЈ ВО МАКЕДОНИЈА
Во точка 10) се внесува податоци за последен престој во Македонија,
Во точка 11) се внесува населеното место во Македонија,
Во точка 12) се внесува адресата во Р. Македонија.
IV. ПРИЈАВА ЗА ГЛАСАЊЕ ВО:
Во точка 13) се внесува Државата во која што се пријавува за гласање,
Во точка 14) се внесува ДКП во кое ќе гласа,
Во точка 15) се внесува e-mail адреса,
Во точка 16) се внесува бројот на македонската патна исправа.
ПОЛЕ: ДОКУМЕНТ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО ПОВЕЌЕ ОД ТРИ МЕСЕЦИ ИЛИ ЗА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ИЛИ ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Во полето ДОКУМЕНТИ ЗА ДОКАЗ ПРИКАЧЕТЕ ГО СООДВЕТНИОТ ДОКУМЕНТ (работна виза, студентска виза, странска патна исправа, странска лична карта,возачка дозвола, друг валиден документ/потврда за престој или работа издаден од општината или надлежен орган, согласно прописите на надлежната држава).
НАПОМЕНА: ПРИ ПРИКАЧУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРИКАЧЕТЕ ГО БАРАНИОТ ДОКУМЕНТ ВО СПРОТИВНО ВАШЕТО БАРАЊЕ ЌЕ БИДЕ ОДБИЕНО!!!