fbpx

11 години бевме во изолација и во чекалната на ЕУ поради политиките на ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние бевме 17 години во чекалната на ЕУ, благодарение на политиките кои што ги имаше владата на ДПМНЕ и 11 години во изолација. Ние го почнавме нашиот европски пат заедно со Хрватска. Денес Хрватска е земја членка на ЕУ, земја член на Шенген и земја која го воведе еврото. А ние само минатата година ги започнавме преговорите. Неприфаќањето на носењето на одлуките денеска ќе значи токму тоа, спречување на напредокот на нашето општество, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 Телевизија.

-Македонските граѓани 80% се за интеграција на државата во ЕУ. Погледнете каде беше државата во 2016 година. Заробена држава, нарушени меѓуетнички односи внатре во државата, нарушени односи со соседните држави и ниту еден милиметар не мрднати во европските и во НАТО интеграциите. Владеење на право се виде какво било, комплетна политизација на сите институции. Слободата на медиумите, 140 место во светот, денеска сме 38 место во светот, владеење на демократија. Бевме окарактеризирани од сите како хибриден режим и како заробена држава. Денес ние имаме и економскиот стандард во споредба со тоа време. Во тоа време минималната плата беше 7.700 денари, денес е 21.000 денари. Пензиите скоро дупло, покачена минималната пензија, за 40% покачена просечната пензија. Неприфаќањето на носењето на одлуките денеска ќе значи токму тоа, спречување на напредокот на нашето општество, рече Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ во интервју за Канал 5 телевизија.

Последни вести