fbpx

Ковачевски: ДПМНЕ наликува на папагал, ништо не работи а повторува само еден збор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ денес ми наликува на некој нов вид на птица, би го нарекол ВМРО – папагал кој што повторува само еден збор: избори а ништо не работи, рече во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-ВМРО-ДПМНЕ денес ми наликува на некој нов вид на птица, би го нарекол ВМРО – папагал кој што повторува само еден збор: избори. Ако прашате колку е часот ќе ви кажат избори. Ако прашате имате ли план ќе ви кажат избори. Имаа локални избори, после локалните избори поминаа 2 години и ниту еден проект погледнете го Скопје, сите општини во градот Скопје ниту еден проект нема. Половина мандат отиде, ниту еден проект освен кавги кои што ги гледаме помеѓу нивните кандидати. Едно време само повторуваа ќе имало бугаризација, ќе имало асимилација сега веќе и тие аргументи ги нема затоа што аргументите пропаднаа. После цела година од изгласувањето на преговарачката рамка каде што ние веќе го водиме процесот на преговори како Македонци со чист македонски јазик. И сега најново што измислија бугарски диктат, не е точно дека е бугарски диктат, уставните амандмани се подготвени од страна на македонски експерти во македонското министерство за правда, рече Ковачевски.

Затоа сметам дека треба таа политичка партија прв пат во својата историја да се одважи, да има визија и да поддржи стратешки процес за државата, додаде тој.

-Одлука за продолжување на европскиот пат не е одлука за поддршка на Владата туку одлука за поддршка на евроинтеграциите , на она што граѓаните го сакаат, подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда. Нашите граѓани се иселуваат во ЕУ не се иселуваат таму каде што ги нема овие елементарни и основни фундаментални придобивки од ЕУ. Затоа државата треба да биде членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести