fbpx

Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, земјоделството се унапредува, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со овоштарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на негржа, манипулации и притисоци врз земјоделците, а денес како опозиција глуми загриженост за земјоделството.

Заради остварување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години ги потценуваше земјоделците, го погазуваше нивниот труд и го уназади земјоделството.

Наспроти таквиот однос, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците и сите спроведени мерки се со цел развој и унапредување на земјоделството како една од клучните стопански гранки.

Како што јавно објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, трансформацијата на субвенцијата за килограм предадени јаболка е направена по барање на дел од овоштарите и истата според нивните пресметки е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка.

Во оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 на 41.000 денари по хектар, додека за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари, поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Истовремено, сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или во апсолутни бројки, субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.

Покрај промените во Програмата за директни плаќања за 2019, преку консултации со овоштарите, минатата година, со Програмата за 2018 се воведе и интервентната субвенција за производителите на индустриско јаболко која важеше до 25 декември 2018 година.

Досега, со помош на интервентната субвенција откупени се 45.000 тони или 30 отсто од вкупното производство на индустриски јаболка.

Исто така, со Програмата за 2019 година и трансформирањето на субвенцијата од килограм во единица површина, цената на индустриско јаболко се зголеми двојно.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на наоѓања решенија за надминување на актуелните состојби и продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат зголемени субвенции, конкурентно производство и повеќе пари кај овоштарите и сите земјоделци.

Скопје, 18.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести