Соопштение за јавност
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални резултати. Растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум година.
Индустриското производство во 2018 бележи раст од 5,4 отсто.
По години уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, денес со придвижувањето во процесот на интеграциите, местото во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.
Покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата, извозот, како и бројот на работници во индустријата.
Ова се само дел од податоците кои ја докажуваат успешноста на Владата предводена од СДСМ.
Со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат. Интеграцијата во двата најмоќни светски сојузи отвора реални можности за зголемен број странски инвестиции, нови работни места и повисоки плати, што ќе значат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Скопје, 17.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА