Соопштение за јавност
Економските политики на Владата предводена од СДСМ создаваат поволна бизнис клима, со која Македонија останува атрактивна дестинација за странски инвестиции.
Во државата влегува нова германска инвестиција на компанијата за литиум-јонски батерии „БМЗ“ во вредност од 65 милиони евра.
Инвестицијата отвора нови 755 работни места, со плати од над 1200 евра бруто.
Со проектираниот годишен извоз од над 360 милиони евра БМЗ поволно ќе влијае на извозните способности на државата и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата.
Инаку, со овој договор во последниве 2,5 години, е заокружен инвестициски циклус од над 950 милиони евра, кои веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.