fbpx

Алиби обраќањето на мрачниот Мицкоски е доказ дека ја нема поддршката кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нека се спрема за изборен пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште едно алиби обраќање на антизападниот Христијан Мицкоски од Конвенцијата на која лично тој си го бира својот фаворит, својот кандидат кој со него треба да застане против НАТО и ЕУ.
Мрачното обраќање на Мицкоски многу добро го отсликува него и состојбата во којашто се наоѓа: „чудовишта“, „џелати“, „кризи“, „исклучувања“, „жолти картони“, „на колена“…

Нема поголемо разочарување за земјава од однесувањето на Христијан Мицкоски и делувањето против НАТО и ЕУ.
Од една страна се граѓаните, СДСМ, мнозинството, кои Република Северна Македонија ја носат напред кон светла иднина во НАТО и ЕУ.

Од друга страна е осамениот Мицкоски обземен со мракови и деструкции, со мрачното време на режимот на неговиот Никола Груевски.

СДСМ е за економија, за прогрес, за реформи, за безбедност. Затоа сме ЗА НАТО, затоа сме за ЕУ.
Штета што на Мицкоски и ова ракаоводство на ВМРО-ДПМНЕ тоа им пречи.
Мицкоски нека не бара алиби, туку да се подготви за убедлив изборен пораз на слободни, фер и демокартски претседателски избори.

Граѓаните ги отфрлија неговите деструкции, неговите црнила, не сакаат да се вратат назад во мрачно време на неизвесност, криминал и изолација.
Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов ниту нов Груевски, тоа време заврши, Северна Македонија оди напред.
Граѓаните, Северна Македонија, одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски може да размислува за оставка од неговата партија, по извесниот пораз на претстојните претседателски избори.

Скопје, 16.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести