fbpx

За првпат наш министер за одбрана седна на масата во Алијансата, на состанок на Северноатланскиот совет, ние сме НАТО!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За првпат во историјата, наш министер за одбрана седна на масата на Алијансата. Министерката Радмила Шекеринска учествуваше на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, рамо до рамо со колегите од земјите членки на Алијансата.

Зад нас се годините кога земјава тонеше во изолација, поделби, економско уназадување и неизвесност. Република Северна Македонија конечно е дел од НАТО сојузот, учесник во процесите за глобална безбедност.

Граѓаните се горди на историскиот успех, ние сме НАТО.

Во меѓувреме, започна и ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во парлеманетите на државите членки на НАТО. Протоколот веќе е ратификуван од парламентите на Република Грција, Словенија и Република Албанија, а во наредниот период се очекува ратификација и од парламентите на други земји членки.

Република Северна Македонија го добива своето заслужено место во НАТО и станува 30 земја членка на Алијансата, што значи безбедност, сигурност и стабилност, но и економски раст, повеќе инвестиции и повеќе пари за граѓаните.

 

Скопје, 16.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести