fbpx

За непотизам ВМРО-ДПМНЕ нека го праша Мицкоски, ќе се анализираат вработувањата, одговорност ако има било какви пропусти или незаконитости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ако сакаат да зборуваат за непотизам, во ВМРО-ДПМНЕ нека го прашаат нивниот претседател Христијан Мицкоски, како од сите професори на Машински факултет, станал асистент токму кај татко му, со кој патем и заедно пишувале книги и учебници. Нека го прашаат Мицкоски за тоа како и зошто токму тој добил бизнис со хидроцентралите од Владата во која бил ангажиран како советник на неговиот Никола Груевски.

Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни. Сите вработувања се согласно план, програма на самата институција и за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми.

Како што официјално најави, новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе направи анализа и ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана за исходот.

СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место.

Започнат е процес на деполитизирана и департизирана администрација. Тоа значи вработувања според мерит систем, а не според политика или партиска припадност

Скопје, 13.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести