Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ има проблем како да си ги објасни своите нелогични изјави.
Како тоа СДСМ бега од избори кога за 2 месеци има претседателски избори?
Токму претседателските избори ќе покажат кој бега од волјата на граѓаните и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе бара алиби за изборниот пораз како сега.
Ете ги претседателските избори пред нас. Граѓаните ќе го кажат своето мислење за кандидатот и политиките на СДСМ кои носат напредок, развој, членство во НАТО и ЕУ, иднина од една страна и мислењето за кандидатот и политиките на ВМРО-ДПМНЕ за деструкција, блокади, изолација, враќање наназад од друга страна.
На претседателските избори кандидатот на СДСМ ќе победи убедливо, Република Северна Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани а ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее убедлив пораз.
Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов, ниту нов Груевски.
Тоа го знае и антизападниот Мицкоски кој нема поддршка ниту во сопствената пратеничка група, па затоа сака да ја замени.
Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со Европската унија и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шансата, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ нека не бараат алиби за поразот што ги чека. Мицкоски може да размислува за оставка од неговата партија, по извесниот пораз на претстојните претседателски избори.
Скопје, 13.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА