fbpx

СДСМ се грижи за сите граѓани, продолжува изградбата на социјални станови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите граѓани.

Со одговорни мерки и политики на СДСМ им помагаме на стотици семејства да решат еден од најголемите животни предизвици – обезбедување покрив над главата.

Изминативе години изградени се или во фаза на градење се над 860 социјални станови низ целата држава и тоа во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија но и на други места.

Изградбата на социјални станови продолжува. Топол дом ќе добијат и граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.

СДСМ со стратегијата за социјално домување не дозволува ранливите граѓани да останат на маргините на општеството и го поттикнуваме рамномерниот развој.

Последни вести