Соопштение за јавност
Предложените уставни измени обезбедуваат напредок кон ЕУ, ја обезбедуваат европската иднина на државата и на граѓаните, а не загрозуваат ништо.
ДПМНЕ нема аргументи зошто е против ЕУ.
Лагите на опозицијата за бугаризација, асимилација, губење на македонскиот јазик и идентитет, потонаа целосно. Преговараме со ЕУ на македонски јазик, македонскиот идентитет е заштитен.
Пропадна и лагата за наводен бугарски диктат. Преговарачката рамка е поддржана од сите 27 земји членки на Унијата и ние преговараме со ЕУ.
Блокадите без аргументи се на директна штета на државата и на народот.
Членствово во ЕУ носи бројни економски придобивки и значат подобар животен стандард за граѓаните и пристап до развој и фондови.
Примерот со Хрватска е јасен, со членството во ЕУ земјата има добиено 12 милијарди евра.
Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година.