Соопштение за јавност
Подготвени сме да ги искористиме сите инструменти да дојдеме до целта што поскро членство во ЕУ, истакна Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата 24 анализа.
Ние веруваме дека 118 пратениви во Собранието сакаат да одиме во ЕУ. ДПМНЕ нема што содржински да каже, или блоираат или не дискутираат, а има добра прилика да гласаат за членство во ЕУ, рече Маричиќ, додавајќи дека другата опција е бескрајно да се чека подобар предлог и тоа никогаш да не се случи, само да загубиме.
Маричиќ додаде дека ДПМНЕ и понатаму ќе останат во опозиција и по изборите наредната година.
-ДПМНЕ ќе остане опозиција. Од 2015/16 година се помалку граѓани се плашат од репресијата и заканите од ДПМНЕ, треба да мислат како да се вклучат во преговорите кои ќе течат, рече Маричиќ.
Во врска со измените на кривичниот законик, Маричиќ нагласи дека тие се направени за зголемување на ефикасноста на судењата и додефинирање на некои кривични дела, по модел на германското законодавство.
Со овој закон ниту сакаме да направиме амнестија, ниту помилување, туку нивелирање на казните засилување на можностите за проширена конфискација, довербата во судството може да расте само со конфискација, порача меѓународниот секретар на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата 24 анализа.